logo
logo
logo

Петрушевски: И Природно математичкиот факултет е против новиот образовен концепт

Vecer | 05.02.2021

Петрушевски: И Природно математичкиот факултет е против новиот образовен концепт

Професорот Владимир Петрушевски, на денешното обраќање во Собрание при разгледување и коментирање на новиот образовен концепт  потенцираше дека власта и Министерството за образование и наука не треба да го игнорира ставот што 33 академци не го прифаќаат овој концепт.

-Еве сега сме на нов концепт за основно образование и јас и понатаму се држам со тезата дека за да правиш нешто треба да имаш докази дека тоа што го правиш е добро. Кога би биле доследни сега вие сите би ми честитале, но се плашам  дека ова нема да се случи, ако сите бевме биле доследни ќе се случеше нешто друго.

-Вие самите министерке, членови на тимот ќе ме поканевте на оваа дебата за да слушнете мислење аргументирано различно од вашето, но тоа не се случи.

Не  е човечки да се прекројува вистината, ако МАНУ не дала поддршка, тоа е факт и тој факт го знаеме, ниско е да се повикуваш на мислење на 3 академици  на мислење што ти оди во прилог, а да го игнорираш ставот на  33, па добро барем не можевте да го обезбедите претседателот на МАНУ да биде тука, а не сте го поканиле ниту него, ниту МАНУ и тоа го имам од прва рака, рече професор Петрушевски во своето обраќање.

Понатаму професорт укажа дека дека тој доаѓа од Природно математичкиот факултет и дека овој факултет не дава поддршка за овој образовен концепт.

-Природно математичкиот факултет е против концептот со огромно  мнозинство, дегутантно е да се најде човек од ПМФ кој поддржува  за да каже дека и од ПМФ имаш поддршка, а премолчуваш дека  стотина души мислат поинаку, посочи професорот.

Петрушевски на крај порача дека треба да се стави во мирување оваа работа со промена на образовниот концепт.

-Апел од мене кренете раце од ова работа сега, ставете ја во мирувања и извршете пилот тестирања на овој модел , додаде професорот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk