logo
logo
logo

Петрушевски: До кога функционери кои ја краделе државата како Пеце Мирчевски ќе бидат на функции во СДСМ?

Vecer | 08.02.2025

Петрушевски: До кога функционери кои ја краделе државата како Пеце Мирчевски ќе бидат на функции во СДСМ?

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на денешната прес-конференција праша до кога функционери кои ја краделе државата како Пеце Мирчевски ќе бидат на функции во СДС?

-Ова е извадок од партиската интернет страница на СДС. Во делот на Комисии, како претседател на Комисија за животна средина и просторно планирање е наведен Пеце Мирчевски. Пеце Мирчевски е фатен со двете раце во криминал, и проневера на државни пари. Пеце Мирчевски наместо за интересот на Службата и владата, работел за својот личен интерес и профит, рече Петрушевски покажувајќи го извадокот.

Тој посочи дека ако СДС не го разреши Пеце Мирчевски од претседател на партиската комисија, покажува дека го поддржуваат неговиот криминал.

-Ако СДС не го разреши и не се дистанцира од Пеце Мирчевски и нему сличните од јатото на Заев, вклучувајќи го и самиот Заев, тие ќе продолжат само да тонат, вели Петрушевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk