logo
logo
logo

Петрушевски: Дали Маричиќ е вториот министер на Заев кој нема НАТО сертификат?

Vecer | 11.02.2021

Петрушевски: Дали Маричиќ е вториот министер на Заев кој нема НАТО сертификат?

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски при изјава за медиуми, упати неколку прашања во врска со министерот за Правда Бојан Маричиќ.

„Поминаа 24 часа, а министерот во владата на Заев, кој покрај Спасовски нема НАТО сертификат молчи, и се крие. Дали Бојан Маричиќ е вториот министер во владата на Заев кој нема НАТО сертификат? Дали првиот човек на правда е недоверлив според стандардите на НАТО?

Дали човекот кој најавува прочистувања во судството и обвинителството, е сомнителна личност за НАТО, праша денеска при изјавата за медиуми, Бране Петрушевски Бране Петрушевски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, праша Петрушевски.

Тој меѓудругото изјави:

„Покрај Оливер Спасовски, кој сам призна дека нема НАТО сертификат, Маричиќ би бил вториот министер во владата на Заев без сертификат, и тој како и Спасовски, води ресор од исклучителна важност за безбедноста на државата.

Дали доколку Маричиќ не е безбеден за НАТО е безбеден за Македонија? Дали НАТО знае нешто што македонската јавност се уште не знае? Бојан Маричиќ е министер за правда на кој му се случија ШИК Јелак и Еуростандард банка, криминали од 400 милиони евра, разрешница нема.

Бојан Маричиќ е министер за правда, а разрешница за аферата „Рекет“, нема. Иако Зоран Заев беше посочен од обвинетиот од „Рекет“, како човек кај кого завршиле парите, тој не е повикан ниту на разговор, вели тој.

Петрушевски додаде дека на Маричиќ му се случуваат наместени пресуди како таа за случајот кај „Млечен“, па потоа мораше сензационално да соопштува пресуди на апелација, во сред емисија, уште пред да бидат јавно соопштени.

„На Бојан Маричиќ му се случуваат наместени пресуди како таа за случајот кај „Млечен“, па потоа мораше сензационално да соопштува пресуди на апелација, во сред емисија, уште пред да бидат јавно соопштени, само за да се извади пред јавноста и да создаде слика, дека и тој влијаел на таквата казна.

Бојан Маричиќ, како и остатокот од владата, само се грижи за сопствена промоција и ништо друго, а додека тоа го прави Македонија тоне во криминал, корупција и рекет, нешта кои се овозможени лично од врвот на власта. Дали овие работи, се причина за недобивање на НАТО сертификат на Маричиќ? Бојан Маричиќ те чекаме да одговориш, додаде Петрушевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk