logo
logo
logo

Петрушевска: НЕ МОЖЕ ПРАТЕНИЦИТЕ ДА БИДАТ ПРИВИЛЕГИРАНИ

Vecer | 21.04.2021

Петрушевска: НЕ МОЖЕ ПРАТЕНИЦИТЕ ДА БИДАТ ПРИВИЛЕГИРАНИ

„Мислам дека онлајн Собрание ја губи примарната функција на самиот законодавен дом, а тоа е претставничката функција и грижата за демократија. Грижата за демократија подразбира дебата“, појасни Марија Петрушевска, пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“ во „Утрински Брифинг“.

Петрушевска додаде дека пратениците не треба да бидат попривилегирани од граѓаните на Република Македонија, односно од работниците кои секојдневно одат во ек на пандемија на своите работни места и ги извршуваат своите работни обврски.

„За жал се уште останува сомнежот дека токму овој предлог решение за онлајн Собрание е извор на политичкиот сооднос внатре во Собранието, односно во рамките на распределбата на мандатите. Од тука апелирам дека секогаш кога станува збор за интересот за граѓаните, за интересот да ја надминеме оваа здравствена но и економска криза ние треба да ги искористиме сите инструменти кои што ни стојат во рамките на Собранието, а се доволни, за да го постигнеме консензусот за да испорачаме резултати“, рече Петрушевска.

Петрушевска посочи дека граѓаните заслужуваат Собрание кое ќе работи за нивни интереси, а не против нивните интереси.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk