logo
logo
logo

Досие

Петре ШИЛЕГОВ: градоначалникот кој ГО ПРОДАДЕ КУЧАТА

Vecer | 17.04.2021

Петре ШИЛЕГОВ: градоначалникот кој ГО ПРОДАДЕ КУЧАТА

Петре Шилегов го завршува мандатот на градоначалник на Скопје без ниту еден капитален проект зад себе во овие четири години, а патем за време на мандатот потроши скоро 400 милиони евра од буџетот.

И последната, 2020-та година градот Скопје ја заврши со загуба без ниту една капитална инвестиција. Во 2020-та градот Скопје пријави загуба од 1,16 милијарди денари, или над 18 милиони евра дефицит.

Тоа е година на епидемија, без набавени респиратори и купени вакцини, во која инвестициите на градот се состоеа во изградба на куќи за пингвини по цена од 300.00о евра, штое е цена на комплет голема куќа за живеење од 350-400 квадратни метри сосе купатила, кујни, и цела инфраструктура внатре која кај пингвините - не е потребна. Обвинителството и Антокорупциска ова го премолчеа.

Но, тоа не единствен очебиен коруптивен дил на Шилегов и неговиот личен пријател, директорот на зоолошката градина Галетановски. Во 2019-та тие потрошија 190.000 за реквизити за макети на диносауруси во ЗОО, 140.000 евра за дино парк, 57.000 евра за огради... Па така, за период од 12 месеци, Зоолошката на Шилегов и Гаетановски само за овие намени (а има и други слични) потрошила околу 700.000 евра!!! во град со 18 милиони евра загуба на годишната сметка.

Не изгради ништо, не санираше ниту еден крупен проблем на градот но, за да има забава за народот, смени имиња на 300 улици во Скопје во последната година од мандатот иако законот не го дозволува тоа пред крај на мандат. Врв на ароганција и навреда за градот е предлогот една улица да носи име и на неговиот пријател, трговецот со алкохол, Енвер Малиќи.

Шилегов ќе остане запаметен по перманентни скандали за корупции за време на својот мандат, во исто време значително зголемување на својот личен имот, и - единствениот градоначалник во Европа кој ја продал Градската куќа и ги потрошил парите.

Градската куќа беше проект и градба на претходниот градоначалник Коце Трјановски започната во 2011-та година. Проект чекан од 1963-та година од кога Градот Скопје работи во одамна руинирани бараки, а венчавки се одржуваат во мувлосана просторија.

Во ноември 2019-та, за 12,7 милиони евра ЕВН ја купи Градската куќа на кејот на реката Вардар, на аукција на која само оваа компанија се пријавила како понудуувач.

„До 31 октомври беше пријавувањето на заинтересирани фирми за учество на електронската аукција. Се пријави само компанијата ЕВН, а електронската аукција се одржа вчера. Почетната цена беше 12,7 милиони евра и тоа е цената по која Град Скопје ја продаде Градската куќа“, изјави тогаш градоначалникот Петре Шилегов.

Изградбата на објектот Градска куќа на левата страна на Вардар, под Кале, чинела 20,5 милиони евра.

Објаснувањето на Шилегов беше дека во неа немало место за сите вработени туку само за 350, и дека градската администрација требало да биде во центарот на градот. Што подразбира Шилегов под помот “центар на градот“ ако тој центар не е новата, продадена Градска куќа која е на истото место како сегашните бараки - само од другата страна на реката.

Објаснувањето на Шилегов е познато, но никаде не е познато каде отидоа тие 12,7 милиони евра од продадената Градска куќа, а нова не се гради “во центарот на градот“, туку Градот продолжи да финкционира во мувлосаните бараки како да е селска општина во длабока провинција.

Парите од капитална инвестиција кои се трошеле за тековни потреби се силен аргумент за истрага и одговорност.

По продажбата се огласи и советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Скопје:

Денес Шилегов потврди дека однапред се знаеше купувачот на градската куќа, а самата лицитација беше само формалност за да се озакони сомнежот за криминал. Македонија со Шилегов и криминалците на Власт стана земја каде однапред се знае кој ќе победи на тендер, а останува само непозната висината на провизијата за приватните џебови за која се сомневаме дека постои во овој случај.  Дополнително Шилегов новиот сопственик на зградата го почасти со бесплатно државно земјиште и платени комуналии кои не се прерачунати во цената по која е продадена Градската куќа. Петре Шилегов не дозволи увид на јавноста на објектот. Не дозволи увид во документацијата и начинот на продажбата.

Петре Шилегов се врзува со финансиски скандали уште од минатата власт под СДСМ, во периодот 2002-2006 година додека ја предводеше комисијата за јавни набавки. Беше поврзуван со скандалот Бачило, со овчарот Иснифарис Џемаили, кој наплати од државата 720.000 евра за наводно гранатирано бачило во конфликтот од 2001-ва година, за што беше осуден на три ипол години затвор поради измама.

Беше поврзуван и со десетина други финансиски скандали. Во 2015-та, кога на 9. февруари почна објавувањето на аудио “бомбите“, и кога јавно се говореше и пишуваше дека со селекција на аудио разговорите се вршат уцени и рекет врз богатите политичари и бизнисмени за да бидат изземени од објавите, Петре Шилегов во мај купи два стана.

Резиме на неговите мотиви за влез во политиката и резултатите од неговата активност даде претседателот на неговата партија, СДСМ, Зоран Заев кој го слушнавме во аудио снимка од разговор објавена во јули 2020-т на Јутјуб:

Соговорникот во снимката вели дека Шилегов е сомнителен човек кој додека бил претседател на второстепена комисија „трпал пари“. На ова лидерот на СДСМ одговара дека „знаел, апсолутно“ но, дека тоа било тоа

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk