logo
logo
logo

Петличковски: Не е момент да се фрлат маските!

Vecer | 19.01.2022

Петличковски: Не е момент да се фрлат маските!

Директорот на институтот за имунобиологија и хумана генетика, Александар Петличковски во гостувањето во ТВ Сител говореше за зголемениот број на заразени во изминатите неколку седмици. Како што истакна тој, мора да бидеме претпазливи, потенцирајќи дека сме околу врвот на овој бран на сојот Омикрон, кој станува доминантен. „Сојот Омикрон има полесна слика, но не сме сигурни дека кај секој сликата на Омикрон ќе биде таква. Не знаеме во кој момент оваа варијанта на вирусот ќе се промени во опасна. Мислам дека не е момент маските да се фрлат, пандемијата се уште не е завршена. Не е време за олабавување“, рече Петличковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk