logo
logo
logo

Петкоска: Стратегијата за рамноправен регионален развој на власта е избрзан документ со многу недостатоци

Vecer | 10.03.2021

Петкоска: Стратегијата за рамноправен регионален развој на власта е избрзан документ со многу недостатоци

На денешната седница во Собранието пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска говорејќи за стратегијата за рамноправен регионален развој истакна дека иако владата ветуваше многу, ништо не направи на тој план.

„За јавноста ќе потсетам дека по превезот дека се врши усогласување на законот со законодавството на Европската унија, предлог законот за рамномерен регионален развој се разгледуваше на комисијата за Европски прашања наместо истиот да биде разгледан со широка дебата и на комисијата за локална самоуправа која е најнадлежна да одлучува за рамномерниот регионален развој“ истакна Петкоска

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петкоска додаде и дека таков суштински и стратешки документ се носи со сериозен пристап а не избрзано и колку да се стави на хартија кој  понатаму ќе нема апсолутно никаква употребна вредност.

„Велите дека стратегијата е стратешки документ кој се донесува за период од 10 години. Имаме анализа за реализација за 2018 година но никаде нема анализа и податоци за 2019 година. Зошто министерството за локална самоуправа и Владата сега се брзаат да ја донесат стратегијата а од друга сртрана стратегијата ја задоцниле цели 2 години.

Тоа е таа нефункционалност и неажурност на институциите на која константно предупредуваме и коај мора веќе еднаш да престане. Суштински и стратешки документ се носи со сериозен пристап а не избрзано и колку да се стави на хартија и кој понатаму ќе нема апсолутно никаква употребна вредност.

Стратегијата ја добивме без никаков рок и без никаква предвидливост за реализација. Сето тоа е апстракно и замислено. И целата стратегија делува како генерален извештај за сработеното и идеи за некоја индина за можна реализација.

Отсуството на посочени институции во чија надлежност се мерките, отсуството на динамика  до кога да се очекува реализацијата или пак кои се факторите за можна нереализација, изворите на приходи  алудира на она што ние го нарекуваме празни зборови на хартија, а вие колеги од мнозинството го нарекувате со најкраткиот збор „ЌЕ“, нагласи Петкоска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk