„Ја следиме таа ситуација. Непријатна е. Преголема штета трпат граѓаните поради некакво самоволие кое е присутно на улиците во Скопје. Ние доаѓајќи накај Струмица, едвај излеговме од Скопје. Непотребно. Тој протест треба да биде насочен кон тие што го креираат. Штетата ја плаќаат граѓаните. Секој по половина час вози повеќе, се вози повеќе, се троши гориво, се губат бизниси и работни часови, што е огромна штета за граѓаните.“, кажа Пенов.Во главниот град втор ден по ред се блокирани раскрсниците. Приватните превозници најавија дека нема да ги тргнат автобусите од улиците се додека не им се платат средствата кои Град Скопје им ги должи.