logo
logo
logo

Пенов се пожали, ЕДВАЈ ИЗЛЕГОЛ ОД СКОПЈЕ за да појде во Струмица

Vecer | 06.12.2022

Пенов се пожали, ЕДВАЈ ИЗЛЕГОЛ ОД СКОПЈЕ за да појде во Струмица

Како што на претходниот протест на приватните превозници, премиерот Димитар Ковачевски се пожали дека едвај излегол од Скопје за да стигне во Прилеп, истото сега се пожали и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.

Само тој одел за Струмица.

Според него блокадата на автобуските превозници во Скопје нанесува огромна штета на граѓаните.

- Секој по половина час најмалку во денот вози повеќе, троши гориво, се губат работни часови, се губат бизниси што е огромна штета за граѓаните, рече тој одговарајќи на новинарско прашање.

Додаде дека не може да каже кои мерки ќе се преземат, но состојбата се следела.

Непријатна е, големи штети трпат граѓаните заради, па можам да речам, некакво самоволие кое е присутно на улиците во Скопје. Ние доаѓајќи накај Струмица едвај излеговме од Скопје, непотребно. Тој протест треба да биде насочен кон тие што го креираат или тие што мислат дека го креираат. А вака, штетата ја плаќаат граѓаните, истакна министерот Пенов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk