logo
logo
logo

Пендаровски: Во регионот сè уште има премногу историја што не држи на задните седишта во Европа

Vecer | 13.05.2021

Пендаровски: Во регионот сè уште има премногу историја што не држи на задните седишта во Европа


Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на виртуелната конференција „Пред иднината – Подготовки за НАТО 2030“ во организација на Атлантскиот клуб во Бугарија, по повод 30-годишнината од неговото основање.

Честитајќи го значајниот јубилеј за организацијата, претседателот Пендаровски говореше за придобивките коишто Република Северна Македонија ги има од членството во НАТО, по две децении кандидатски статус и низа кризи.

„Важно за стабилноста на трансатлантската заедница е кохезијата меѓу партнерите“, рече Пендаровски, бидејќи, како што посочи ниту еден проблем на Балканот не ќе беше решен во последните три децении, ако не беа синхронизирани САД и Европа.

Тој во своето обраќање се осврна и на неодамна лиферуваните нон-пејпери, во коишто се споменува промена на границите на Западен Балкан. Според претседателот Пендаровски, ниту една одговорна влада или политичар во Европа нема да ја поддржи оваа опасна идеја, но, според него, пропагандата од трети страни не е исклучена. Според претседателот Пендаровски, во регионот сè уште има премногу историја којашто не држи сите нас на задните седишта во Европа.

„Живееме во 21-от век и мора да размислуваме и да правиме планови за иднината. Балканот во пост-комунизмот изгуби милиони млади луѓе кои заминаа во деловите на светот каде што историјата е присутна во книгите, а не на улиците“, рече Пендаровски.

Меѓу научените лекции од поновата историја, како што истакна, е важноста на раното предупредување, особено денес, кога предизвиците се удвоени и се посложени, вклучително сајбер и хибридната војна, или најновиот предизвик – управувањето со пандемијата, која освен здравствени, социјални и економски, има и безбедносни последици.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk