logo
logo
logo

Пендаровски-Шидер: Македонија останува силно посветена на патот кон ЕУ

Vecer | 04.05.2021

Пендаровски-Шидер: Македонија останува силно посветена на патот кон ЕУ


Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Андреас Шидер, австриски европратеник и копретседавач со Мешовитиот парламентарен комитет Европска Унија – Република Северна Македонија.

На средбата, претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија високо ја цени силната поддршка од Европскиот Парламент и дека истата придонесува за подобрување на политичката атмосфера во земјата и го забрзува процесот на пристапување кон Европската Унија. Во таа насока, претседателот изрази задоволство од последната усвоена Резолуција од страна на европратениците, во која непристрасно се нотира реалната слика за постигнатите реформи и политичката состојба во земјата.

Во разговорите беше посочено дека и покрај потешкотиите предизвикани од пандемијата на Ковид-19, Северна Македонија останува силно посветена на евроинтегративниот процес.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за ангажманот на австрискиот европратеник Шидер, и ги реафирмираше очекувањата за што поскоро усвојување на Преговарачката рамка и одржување на Првата меѓувладина конференција со Европската Унија за време на португалското претседателство.

Соговорниците изразија очекување дека соработката меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Европскиот парламент ќе продолжи со уште позасилена динамика во иднина, за што значаен придонес и поттик дава конструктивниот дијалог во Мешовитиот парламентарен комитет Европска Унија – Република Северна Македонија.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk