logo
logo
logo

Пендаровски се вакцинираше со кинеската вакцина „Синофарм“ (ВИДЕО)

Vecer | 18.05.2021

Пендаровски се вакцинираше со кинеската вакцина „Синофарм“ (ВИДЕО)

Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска се вакцинираше против коронавирус, во вакциналниот пункт во спортската сала на СОУ „Перо Наков“, во Куманово.

По вакцинација претседателот Пендаровски даде изјава во која соопшти дека се чувствува одлично. Претседателот се вакцинираше со кинеската вакцина на Синофарм.

Министерот за транспорт и врски, пак, Благој Бочварски ја прими првата доза вакцина против Ковид -19 на вакцинален пункт во Штип.

На пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје се вакцинираа вицепремиерите за економски и за европски прашања, Фатмир Битиќи и Никола Димитров, како и министрите за надворешни работи, за правда, за финансии, за економија и за локална самоуправа, Бујар Османи, Бојан Маричиќ, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Горан Милевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk