logo
logo
logo

“Пендаровски е под жесток напад од лица блиски до власта“

Vecer | 07.05.2021

“Пендаровски е под жесток напад од лица блиски до власта“

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски во вечершното интервју на телевизија Канал 5 рече дека претседателот на државата, Стево Пендаровски е под жесток напад.

-Гледам дека Пендаровски е под жесток напад од креатори на јавното мислење блиски до власта. Откако се согласи на оваа средба со Мицкоски, е под еден сериозен жесток напад. Тоа оцртува една линија, а тоа е дека единствениот кој не е за дијалог во оваа земја е Зоран Заев, иако устата му е полна со дијалог.

Вистината е дека Заев сака да го поларизира општеството со цел да ги заштити своите криминални интереси. Само тој е проблем зошто нема нормален дијалог во државата. Нападот кон Пендаровски покажува дека Заев не може поднесе дијалог, тврди Николовски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk