logo
logo
logo

Пендаровски: Ако нема парно за граѓаните во Скопје, и ние ќе го исклучиме греењето

Vecer | 03.10.2022

Пендаровски: Ако нема парно за граѓаните во Скопје, и ние ќе го исклучиме греењето

Владата е децидна дека грејната сезона ќе почне на 15 октомври и дека скопјани нема да останат без парно греење. Тоа нека биде тест дали Владата со сите најавени мерки за ублажување на ефектите од кризата, ќе го помине тој тест, изјави вечерва претседателот на државата Стево Пендаровски.
– Колку што јас знам околу 60 илјади скопјани се греат на парно греење и и ако тука крахираат, јасно ќе биде дека во еден дел не го испорачуваат она што го ветиле пред граѓаните, рече Пендаровски во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.
Прашан дали вила „Водно“ ќе се грее на парно од 15 октомври, Пендаровски рече дека ако има греење за сите останати граѓани во Скопје, тогаш и вила „Водно“ ќе се грее на ист начин.
– Ако нема за останатите во Скопје, ние ќе го исклучиме греењето. Нема да имаме никаква привилегија во таа смисла, ви гарантирам, рече Пендаровски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk