logo
logo
logo

Пецаков: Ќе работам за охриѓани, јас и не знам поинаку, за подобар живот, да веруваме во себе, да се избориме за иднината

Vecer | 23.10.2021

Пецаков: Ќе работам за охриѓани, јас и не знам поинаку, за подобар живот, да веруваме во себе, да се избориме за иднината

Во вечерашното обраќање во Охрид, кандидатот за градоначалник за општина Охрид, Кирил Пецаков, истакна дека ќе работи за охриѓани, за нова иднина и подобар живот на сите граѓани, и за нова иднина на нашите деца, им порача на охриѓани да веруваат во себе и да веруваат во промените кои доаѓаат.

-Охрид докажа дека е лулка на ВМРО, но и чесно го докажавме тоа на дело, Охрид се одлучи за промени и напредок, благодарност за искажаната поддршка, сум бил и ќе останам човек кои ќе го брани вашите интереси. Денес кога го честуваме денот на македонската револуционерна борба, годините течат, а идејата се шири, идеалите на македонските ревоционери кои го држеа факелот на револуционерното дело, останаа да бидат водилка и вечерн мотив за македонскиот народ, порача Пецаков.

Тој вели дека борбата трае и мора да продолжи за Охрид и за Република Македонија, оваа борба е против корумпираната власт, а херои ги нарече луѓето кои го живеат храбро животот во ова време, а охриѓани заслужуваат среќа,а докажаа дека постои надеж уште во првиот круг.

-Покажавме дека не се плашиме да веруваме во себе и да се бориме за иднината на нашите деца, таа иднина зависи од нас,  и од промените кои доаѓаат, промени на подобро, промени за позитивното наспроти негативното, квалитет наспроти партизација, работа наспроти неработа, имаме план, гарантираме конкретни проекти за Охрид и верба тоа да го направиме, посочи Пецаков.

Тој вели дека ќе се бори за секое работно место плус, мобилност и инфраструктура, модерно и современо образование, заштита за климатските промени и животната средина, правилен урбанизам, атрактивен локален туризам, поддршка за спортот и културата и проекти во сите сфери на живеење за подобар живот на сите граѓани.

-Охрид е против власта е вели доста , доста е со уцените, заканите и злоупотребите со полицијата, со купување на гласови, со потценување на народот, на охриѓани им е доста од изневерени очекувања и неисполнети ветувања, наместо криминал, корупција и апатија, потребни се промени и светла иднина, порача Пецаков.

Пецаков порача исто така дека потребна е масовна излезност затоа што сме на чекор до целта, блиску до победата, а изборот на тивкото мнозинство мора да одекне, тој ги повика сите различни етникуми во Охрид, да се избориме заедно затоа што силата е секогаш во народот, а успехот е загарантиран само со заедничка борба.

-Ајде лавовски да се избориме за да имаме промени и напредок, ајде сите заедно да се избориме за на 31-ти октомври со гордо крената глава  да кажеме дека Македонија победи, рече Пецаков.

Тој вели дека само на тој начин ќе избереме нова подобра иднина не само за Охрид туку и за Македонија, со големи чекори напред да ја создадеме новата иднина.

Израснав со охриѓани, живеам со охриѓани и има да работам за охриѓани, јас и не знам поинаку. На 31 октомври Охрид добива вистински градоначалник кој гарантира нова и светла иднина. Доаѓаат промени, гарантираме проекти, победи за нова и светла иднина. Да живее победнички Охрид, да живее ВМРО-ДПМНЕ, Македонија вечна - порача Кирил Пецаков на денешното обраќање во Охрид.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk