logo
logo
logo

Пецаков: Излезете масовно на 31 октомври за да ставиме крај на злото кое надвиснало над Македонија со Заев

Vecer | 24.10.2021

Пецаков: Излезете масовно на 31 октомври за да ставиме крај на злото кое надвиснало над Македонија со Заев

Измината е отприлика веќе една недела каде што со несмален интензитет и буквално енергија којашто ја поседуваме. Одиме по граѓаните, тропаме по вратите, ја бараме нивната поддршка едноставно она кое што е потребно и покрај огромната предност на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг од 2.000 гласови, е потребно масовна излезност за навистина да дојде крајот на она зло кое надвиснало во Македонија предводено од Зоран Заев и СДСМ, изјави денеска за медиумите, Кирил Пецаков, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Охрид.

Тој истака дека гласањето на 31-ви октомври ќе биде и референдумско изјаснување за тоа дали граѓаните сакаат да продолжи Македонија по истиот пат, или е потребно да тргнеме кон една нова иднина со нова енергија и надеж дека Македонија може да успее.

– Во таа цел имаме многу огромна поддршка од страна на граѓаните и се надевам дека она кое што го добивме во првиот круг и не само што се надевам, туку и убеден сум дека во вториот круг ќе имаме повеќе од дупло поголема разлика. Секако за тоа работиме. Ја гледаме атмосферата на терен и ја гледаме поддршката на граѓаните која што расте од ден на ден, и не се сомневам во тоа. Охрид, а и Македонија ќе има нова власт која што ќе знае и умее како Македонија да оди во вистински правец, а секако и сите останати градови не само Охрид, додаде Пецаков.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk