logo
logo
logo

Пецаков: До крајот на неделата ќе се потпишат преку 100.000 граѓани

Vecer | 22.02.2021

Пецаков: До крајот на неделата ќе се потпишат преку 100.000 граѓани

Денеска е трет ден откако се собираат потписи под мотото „Стави потпис за вистински попис“, насекаде на ниво на Македонија.

Денеска и на нови две локации собираме потписи заедно со граѓаните на Охрид. Одѕивот е одличен, заклучно со вчерашниот ден на ниво на Македонија се собрани 45.000 потписи.

И очекуваме дека до крајот на неделата преку 100.000 граѓани ќе ја дадат својата поддршка за оваа иницијатива, изјави денеска за медиумите, Кирил Пецаков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека реалноста е дека не само за пописот, и начинот на кој што Законот за попис беше донесен, туку и генерално политиките на СДСМ и Заев не добиваат поддршка од народот.

– Народот се повеќе се приклучува на ВМРО-ДПМНЕ и она што треба да претставува отпор кон начинот на владеење на СДСМ.

Самиот Закон за попис кој што беше донесен на начин на кој што беше донесен, и со кој што наместо да добиеме статистичка операција, добиваме политичка операција е проблематичен.

За тоа што доколку имаме статистичка операција тогаш Македонија ќе може и економски и геостратешки во наредните десет години да планира. А, политички очигледно е битен само процентот. Затоа имавме забелешки за овој Закон за попис, и баравме да биде со најсовремените технологии спроведен всушност заеднички како што треба да бидат спроведени и локалните избори, претстојните локални избори оваа година, а тоа е со т.н. отпечаток на прст.

Би биле разрешени и отстранети сите дилеми кои што би ги имале по однос на резултатите кои што би ги добиле од овој попис. Како и да е, ние не застануваме тука, ова е еден од само чекорите кои што ќе ги преземеме во периодов кој што следува, а се со цел да добиеме попис каков што Македонија заслужува по сите стандарди европски, додаде Пецаков.

https://www.youtube.com/watch?v=YTFGh-yvMYg&feature=emb_title

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk