logo
logo
logo

Пазарната инспекција НЕ ИМ МОЖЕ НИШТО на „Интермецо“ и „Мош“ - Ги нема газдите за да им ги врачат решенијата

Vecer | 31.03.2023

Пазарната инспекција НЕ ИМ МОЖЕ НИШТО на „Интермецо“ и „Мош“ - Ги нема газдите за да им ги врачат решенијата

И цела недела откако пазарните инспектори им изрекоа казна и забрана за работа од десет дена, скопските кафулиња „Интермецо“ и „Мош“ сè уште си работат, пишува „СДК.мк“.

Тие не се затворени иако казната им беше изречена минатиот петок, за непочитување на работното време и прегласната музика која ечела и по 1 часот по полноќ. По голем број пријави на граѓани, во заедничка акција на Пазарната инспекција и Општина Центар, инспектори влегоа во кафулињата околу 1.30 по полноќ и било констатирано дека го прекршуваат работното време. Но, оттогаш помина една недела, а локалите уште не се пломбирани оти газдите не ги примаат решенијата и не дозволуваат да бидат затворени, пишува „СДК.мк“.

Директорот на Пазарната инспекција Горан Трајковски тврди дека локалите ќе бидат затворени и дека тие мора да ги почитуваат законските постапки.

„Бидејќи газдите не сакаат да ги примат решенијата, ние ги испративме по курир. Сега се чека да помине рокот сами да се затворат, а доколку тоа не го направат, ќе бидат пломбирани од наша страна. Нема да има отстапки, секој мора да го почитува законот и така ќе биде во овој случај“, вели Трајковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk