logo
logo
logo

Павле Трајанов: НЕМАМЕ ЦВРСТ ДОГОВОР КОГА ЌЕ СТИГНАТ ВАКЦИНИТЕ

Vecer | 12.03.2021

Павле Трајанов: НЕМАМЕ ЦВРСТ ДОГОВОР КОГА ЌЕ СТИГНАТ ВАКЦИНИТЕ

Тоа за 2 ипол милиони вакцини, 200.000 вакцини тоа е само на список, меѓутоа ние немаме цврст договор кога треба да пристигнат вакцините, вели коалицискиот партнер на СДСМ, Павле Трајанов од Демократски сојуз во „Што не е јасно“ на Алфа.

- Значи требало непосредно, клучно било непосредно спогодување со производителите, со лобирање, со трчање, со директно обраќање до премиерите, вели Трајанов.

Според Трајанов, власта нема оправдување зошто каснат вакцините во Македонија, додавајќи дека аферата која ја обелодени италијанскиот весник „Ла Верита“ треба до крај да се расчисти без разлика кој се бил вклучен во разговорите и преговорите, укажувајќи дека во јавноста се шпекулира дека основач на фирмата во Хонг Конг е лице кое е присутно во јавноста во сите криминални афери.

-Мислам дека каснеме и нема оправдување зошто. А околу оваа афера наш став е до крај да се расчисти. Ако и оваа афера зборувам која што директно е врзана со здравјето на граѓаните, ако имало обид за корупција или било што, мора да се расчисти. И доколку се докажи дека намерата била коруптивна тогаш треба да се понесе одговорност, без разлика кој на кое ниво било и кој се бил вклучен во овие разговори и преговори, истакна Трајанов.

„Еден клучен елемент за кој што се шпекулира е кој е основач на фирмата во Хонг Конг, двајца или тројца основачи. Или не знам една или две фирми кои што се вклучени. Натаму се зборува за еден посредник кој е многу присутен во јавноста во сите криминални афери, ако истата персона е вклучена и тука тогаш работава смрди дека тука нешто не било чисто“, додаде Трајанов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk