Павле Богоевски: Јас сум дел од промашена генерација

Пратеникот од СДСМ, Павле Богоевски, се обидува да ја натера опозицијата да гласа за Северна во Собранието, односно ги убедуваше да гласаат за отворање на уставот и за уставни измени, како би се подобрила општествената клима во државата. Богоевски, се смета за дел од промашената македонска генерација.

- Кога бев во основно и во средно со задовлство ги слушав постарите како зборуваат за деновите поминати во Југославија. Јас немам со ништо да се пофалам до сега. Имам сеќавање за чекање и ништо повеќе. Уште како дете знаев дека чекам некаде да не примат. Моите другари и другарки, најголем дел од нив се отселија, додека оние што останаа се уште чекаат. Во моето одделение од средно бевме 31 ученик, минатата година славевме 13 години од матура. Се собравме сите кои бевме во Македонија. Знаете колку бевме? Само тринесет. Од 31 останавме 13-мина да се обидеме тука да направиме живот – рече Богоевски.

Тој, од собраниската говорница рече дека планирал да се отсели од Македонија, но се предомислил бидејќи смета дека сите кои што се иселиле од државата се дел од неспособните луѓе во државата.

- Си реков не ја бива државата, ќе се обидам и јас. Барав опции да се иселам. Најдов физичка работа за плата неколку пати поголема од платата што тука би ја добива од најголемите мои амбиции. Со тешко срце одлучив да не си отидам, така ќе требаше да си признаам на себе дека сум неспособен да изградам живот за мене во оваа држава – рече тој.

Поврзани

Најнови вести

Коментари