logo
logo
logo

Павле Трајанов контра Царовска - ИСТОРИЈАТА ДА ОСТАНЕ ПОСЕБЕН ПРЕДМЕТ

Vecer | 06.02.2021

Павле Трајанов контра Царовска - ИСТОРИЈАТА ДА ОСТАНЕ ПОСЕБЕН ПРЕДМЕТ

Демократскиот сојуз смета дека врв на хипокризија е доколку осмоодделенецот Дамјан Давков е подобар од средношколците и победи на натпревар по математика, тоа да биде поништено од бирократски причини, притоа повикувајќи се на законски одредби кои се користат како покритие.

-Реформите во образованието треба да започнат со однесувањето на првиот учител (министер) во овој систем, но тоа не го гледаме преку примерот на ученикот Дамјан Давков од Штип. Нема поважна реформа во образованието од таа системот да почне да ги препознава, признава, помага и поттикнува младите генијалци, велат од ДС.

Тие предлагаат претседателот на Македонија, Стево Пендаровски да го награди талентираниот ученик по математика Дамјан Давков и да го искористи своето политичко влијание и авторитет за да му обезбеди државна стипендија за талентирани ученици за неговото натамошно школување.

- Тоа ќе биде признание за сите талентирани млади ученици и поттик да учат и да творат, се вели во соопштението на партијата, потенцираат тие

Што се однесува до концептот за реформи во образованието, за кој во моментов се одвива јавна расправа, Демократскиот сојуз ќе изгради посебен став и ќе го соопшти.

-При тоа, предупредуваме дека образовните реформи не смее да се сведат на експеримент кој, преку спојувањето повеќе различни предмети, ќе се испробува единствено во Македонија, врз грбот на нашите најмлади, а во таква форма не постои никаде во Европа и во цивилизираниот свет кон кој се стремиме, истакнуваат од партијата.

Тие нагласуваат дека дека историјата мора да остане како посебен предмет за учениците во основното образование.

Спојувањето на предметот историја со повеќе други предмети, испраќа порака дома и кај нашите соседи дека на Македонците историјата не им е важна, што може да се сфати како сечење на корените на македонскиот народ и обид за негово бришење од картата на народите, поради што мораме да бидеме внимателни, посочуваат од ДС.

На крај велат дека историјата е помоќно оружје и од атомска бомба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk