logo
logo
logo

Пауновски: Нека ме разрешат, ама НЕ ГИ ПРИФАЌАМ СИТЕ 35 РАМКОВНИ во инспекторатот

Vecer | 22.04.2021

Пауновски: Нека ме разрешат, ама НЕ ГИ ПРИФАЌАМ СИТЕ 35 РАМКОВНИ во инспекторатот

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски вели дека и по цена да го разрешат нема да потпише за 35-те вработени по Рамковен договор кои министерството на Артан Груби сака да ги направи инспектори, иако не сите се квалификувани и одбиваат да работат во други градови.

Пауновски додава дека испратил писма со аргументи и до премиерот, и до вицепремиерот, во кое детално објаснил зошто  институцијата не може да ги прифати сите овие 35 вработени, туку може да прифати само 12 од нив.

- Досега немам добиено реакција на ова писмо, но можам да потврдам дека ниту премиерот, ниту било кој друг од Владата не ми се јавил да врши притисок врз мене за да го потпишам решението за нивно примање. Јас јавно кажувам дека тоа нема да го потпишам, па и по цена дури и да бидам сменет од функцијата директор на Државниот пазарен инспекторат. Јас сум политички дојден на таа функција и може и политички да бидам сменет, и нема да се лутам за тоа, но нема да попуштам на ниедна сила и тоа да го потпишам. Мора некој да застане на патот на ваквото однесување, дециден е Пауновски во изјава за „Фактор“.

Тој додава и дека и без тие 35 вработени, процентот на вработени Албанци во ДПЗ е дури 40 отсто, што значи дека имаме дури и повеќе од потребниот процент за избалансираност, а сега со овие 35 вработени, тој процент уште повеќе ќе се зголеми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk