logo
logo
logo

ПАУНОВСКИ МУ ВРАТИ НА ЗАЕВ: Ако не ме разбира, слободно нека ме разреши

Vecer | 23.04.2021

ПАУНОВСКИ МУ ВРАТИ НА ЗАЕВ: Ако не ме разбира, слободно нека ме разреши

Директорот на Државен пазарен инспекторат, Стојко Пауновски му врати на премиерот Зоран Заев, откако вчера беше прозван дека треба да биде помалку гласен и да ги прифати 35 вработени по Рамковен договор.

- Ако премиерот Зоран Заев не ме разбира, немам што друго да кажам освен дека може слободно да ме разреши на наредната владина седница, вели Пауновски за СДК.МК

Според него тие 35 рамковни вработувања што му биле прераспределени не ги исполнуваат условите за пополнување потребни работни позиции.

Претходно премиерот Зоран Заев вчера му рече да не прави отпор.

- Испраќам порака пред сѐ до директорот на Пазарниот инспекторат којшто е доста гласен, треба да ги спроведеме одлуките или да кажеме зошто не се спроведуваат, а не да водиме, така да кажам, јавна војна преку медиумите едни со други, рече вчера Заев.

Пауновски вели дека и покрај ваквата изјава на премиерот Заев, тој останува на ставот дека додека е тој директор нема да ги потпише решенијата за вработување на овие 35 лица.

Пауновски вели во моментов 41 отсто од вработените во Инспекторатот се Албанци. Вели дека дел од кадрите кои му се даваат се со несоодветно образование, само 12 се правници и економисти и не одговараат за позицијата инспектори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk