logo
logo
logo

Патриотскиот институт на ВМРО ДПМНЕ организира херојска стража на грбот на Гоце Делчев на 4ти февруари од 7 часот наутро

Vecer | 29.01.2023

Патриотскиот институт на ВМРО ДПМНЕ организира херојска стража на грбот на Гоце Делчев на 4ти февруари од 7 часот наутро

(Интегрлен текст од соопштението на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ)

За жал во 21 век ние сега сме исправени повторно да се правдаме и докажуваме со нашите соседи дека ние сме Македонци и дека Гоце е Македонец, вели Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Гоце Делчев на денешната трибина во Штип насловена „Гоце е Македонија“.

Пандов истакна дека криминалната влада на СДСМ и ДУИ со водење на попуслива политика кон бугарската страна дозволила негација на македонската историја, јазик и култура, потенцирајќи дека ВМРО-ДПМНЕ е браникот на македонштината и патриотизмот и токму поради тоа на 4ти февруари се организира херојска стража на гробoт на македонскиот револуционерен херој Гоце Делчев.

ВМРО-ДПМНЕ е браник на македонштината и патриотизмот и ние не смееме ниту по една цена да им го дозволиме да го направат тоа во Скопје. Ова е многу важен настан и исклучително важно е ние на 4ти февруари да се појавиме во што поголем број пред црквата Св. Спас во Скопје од 07:00 часот наутро, изјави Пандов.

На трибината се обрати и Сергеј Попов, претседател на Унијата на Млади сили на ВМРО-ДПМНЕ кој рече дека со ставање на фокус на одбележувањето на роденденот на великанот Гоце Делчев се крева важноста на овој човек пред целото македонско општество, особено пред младите луѓе, додавајќи дека никој друг освен ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за македонските национални интереси.

Како млад човек да се зборува за еден великан како што е Гоце Делчев во најмала рака е предизвикувачки од причина што тој кога функционирал, делувал бил на годините кои ги имаме ние кои сме дел од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ така да на некој начин и самиот тој бил младинец како што сме и ние младинци во оваа наша заедничка борба. Како млад човек сметам дека Гоце Делчев како последен фронт на одбраната на македонизмот е особено важна за нас како млади луѓе од причина што јас иселувањето на младите од оваа земја ја гледам и низ националното обезличување на нашата земја, бидејќи кога ние би имале горда држава со горда влада, со достоинствени политичари, држава која стои до своето, држава на која напротив патриотизмот и е врховен идеал и одбраната на нејзините дејци и историја го сметаат за највисок идеал е многу потешко да се напушти и да се замине од неа отколку да се напушти некоја си обезличена територија која што ни самите ние не би знаеле чива е, на кого била во минатото, што ни припаѓа нам, кои сме и што сме. Така да сметам дека ние како Унија на млади сили на кои што врховна цел или најважна цел ни е задржување на младите луѓе овде во Македонија да творат за да не останеме земја на возрасни луѓе, туку да бидеме земја на млади луѓе, Гоце Делчев и одбраната на тој лик и дело треба да ни биде највисоко поставена цел. Како УМС на тој ден ќе бидеме вклучени во сите активности, ќе имаме делегација заедно со другите партиски структури на чело со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Мене ми е навистина драго што оваа година ВМРО-ДПМНЕ става силен фокус на одбележувањето на роденденот на Гоце Делчев и со тоа се крева важноста на овој човек пред целото македонско општество, особено пред младите луѓе бидејќи никој друг освен ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за македонските национални интереси и ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка партија, а со тоа и УМС е единствена младинска организација во која доколку некој млад човек сака да и помогне на Македонија, да помогнат и заштитат и одбранат националните интереси, истакна Попов.

Историчарот, Слободан Ников вели дека секој народ својот опстанок и развиток го црпи од колективната меморија која се пренесува од колено на колено, од генерација на генерација прераскажувајќи историските настани и ликови, па така и македонскиот народ својата вековна меморија ја градел врз тие принципи пренесувајќи ја од колено на колено.

Една од личностите од која ја црпиме нашата меморија е и ликот и делото на Гоце Делчев кој живеел и дејствувал во едно Бурно време, во епохата кога Македонија се наоѓала на раскрсница меѓу себе наоѓањето и револуцијата, барајќи ја својата егзистенција во семејството на слободниот свет. Токму таа епоха, обусловувала да се појави онаква личност што ќе ги сфати политичките и материјалните услови на своето време. Таква била појавата на Гоце Делчев кој умеел да проникне во пулсот на народните стремежи во смислата на народните патила и да стане изразител на борбата на националното ослободување на македонскиот народ, потенцираше Ников.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk