logo
logo
logo

Патријархот на СПЦ Порфиријe доаѓа во Скопје во вторник

Vecer | 21.05.2022

Патријархот на СПЦ Порфиријe доаѓа во Скопје во вторник

Патријархот на СПЦ Порфиријe доаѓа во Скопје во вторник

Се уште е рано да се каже дали е можна брза разврска за автокефалноста на МПЦ но досегашните сигнали и брзината на настаните кои се случуваат потпомогнати и катализирани од вселенската патријаршија влеваат голем оптимизам кај македонскиот народ сметаат дел од познавачите на состојбите додека за другите сигналите се толку јасни што не станува збор дали ќе добиеме автокефалност туку само кога и како, пренесува Канал 5.

Според професорот Цане Мојановски кој беше и прв човек на комисијата за односи меѓу верските заедници посетата на господин господин Стефан и демонстрирањето на канонско единство и брзата возвратна посета на српскиот поглавар Порфириј за само пет дена со најавенато заедничко богослужење во земјава за свети Кирил и Методиј во вторник упатува на позитивна разрешница за која сега на потег е СПЦ а крајниот збор сепак ќе го има Вартоломеј од Вселенската патријаршија.

Според професорот Зоран Матевски неколку аспекти укажуваат на сигурен пат кон автокефалнста.

Сите религиски симболи на заедничкото богослужење во свети Сава укажуваат на тоа дека СПЦ се однесуваше кон МПЦ како таму да беа две рамноправни автокафелни цркви што значи дека не може по ова а и по брзата посета на Порфириј да се менуваат позициите и ставовите туку ќе остане само попатно технички да се договараат некои административни прашања.

Според професор Матевски српскиот поглавар за разлика од неговоите претходници во своите изјави се држел до ставот за решавање на прашањето со МПЦ што не се очекува да го промени.

По историскиот чин минатата недела кога по 55 години прв пат се одржа заедничка литургија за само пет во вторник ќе има возвратна посета од поглаварот на СПЦ а веќе на 5 јуни македонскиот поглавар заедно ќе богослужи со Вселенскоит патријарх Вартоломеј, работите за автокефалноста на МПЦ охридска архиепископија како да се прфрлија во брзата лента за добивање на конечен и долго очекуваниот статус.

Фото: 24вести.ком

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk