logo
logo
logo

Пасош добил и Фуат Јусуф, бегалец осуден на 15 г. затвор зa грабежот на ПОШТА во 2008 г

Vecer | 10.05.2021

Пасош добил и Фуат Јусуф, бегалец осуден на 15 г. затвор зa грабежот на ПОШТА во 2008 г

Меѓу оние кои нелегално добиле пасош со украдени лични податоци е и Фуат Јусуф, учесник во разбојничката кражба на транспорт на пари на Пошти во 2008 година, објави „КОД“.

Иако е бегалец со меѓународна потерница, осуден на 15 години затвор, Јусуф успеал да извади пасош на туѓо име во управните служби на МВР каде врие од полицајци и службеници. На 22 јануари 2020 година, за време на техничката влада, дошол во Македонија, се сликал за пасош на име Едуард Мале, тобјави „КОД“.

За потсетување, во експресни постапки вработените во пасошко со признание и без парични казни успеаја да се извлечат од огромниот скандал со казни под 2 и пол години затвор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk