logo
logo
logo

ПАРТИЗАЦИЈА: Над половина директори избрани од владата СЕ СО МИНИМУМ ИСКУСТВО

Vecer | 03.05.2021

ПАРТИЗАЦИЈА: Над половина директори избрани од владата СЕ СО МИНИМУМ ИСКУСТВО

Проблемот во процесот на вработувањето во јавната администрација е тоа што тој не вклучува повеќе кандидати од кои треба да се избере најдобриот, туку најчесто однапред се знае кој треба да ја добие позицијата, се вели во анализата на невладината организација Институт за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС). Работните позиции, се вели во анализата, особено оние на повисоките раководни функции, се делат преку ноќ, зад затворени врати.

ИДСЦС анализираше 116 именувања направени по парламентарните избори во 2020 година и истражувањето покажува дека постои значително отстапување помеѓу она што го вети Владата и она што го реализираше.

„Праксата на именување на директори кои се вршители на должност e доминантен начин на именување, наместо исклучок. Во дури половина од случаите, именувани се в.д. директори, а тоа најчесто се прави за да се избегнат процедурите на именување. Анализата покажува дека 55% од кандидатите имаат минимум искуство во раководење што ќе овозможи независно и ефикасно да ја исполнат задачата. Ова е најзначаен недостиг во системот на именување и најслабата точка во обезбедување ефикасни институции“, покажа истражувањето.

Од ИДСЦС велат дека за да се врати довербата во процесот на именување кај граѓаните, потребно е сите назначувања во институциите јавно и транспарентно да се прикажуваат и објавуваат. Вклученоста на јавноста во самиот процес, дополнително ќе придонесе за препознавање и избор на најсоодветниот кандидат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk