logo
logo
logo

ПАРТИИТЕ СИ ПРЕДЛАГАЛЕ ОБВИНИТЕЛИ! за нови функции во обвинителството

Vecer | 23.04.2021

ПАРТИИТЕ СИ ПРЕДЛАГАЛЕ ОБВИНИТЕЛИ! за нови функции во обвинителството

Еден ден пред изборот на петте обвинители во Вишото, и уште пет во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, еден медиум ги објави имињата на десетте кандидати кои се очекувало следниот ден да бидат бидат избрани.

Медиумот се повика на неофицијални извори, според кои, „имињата на обвинителите биле доставени како свршен чин до Советот на обвинители“. За некои од кандидатите беше наведено дека биле на предлог на СДСМ, а за некои – на ДУИ, пишува Слобоен печат.

Сите кандидати за кои медиумот неофицијално добил информации дека се очекува да бидат избрани, вчера и навистина без избрани.

Случајноста точно да се погоди „добитната десетка“ е мала, ако се има предвид дека станува збор за вкупно 46 кандидати, од кои 14 конкурирале за обвинители во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, и 32 конкурирале за обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје.

Претседателот на Советот на јавните обвинители, Ацо Колевски, нема одговор како вчерашниот јавен избор на десетте кандидати, можел да биде познат еден ден претходно.

„Не знам од каде се таквите информации. Можеби некој член на Советот споделил лични сознанија за тоа кои од кандидатите имаат најмногу шанси да бидат избрани. Навистина не знам“, вели Колевски.

Запрашан – колкава е можноста за политичко влијание врз изборот, потсетува дека одлуката за избор не е само во рацете на јавните обвинители кои се членови на Советот.

„Во Советот има четворица членови кои ги делегира Собранието. Шест членови се од редот на јавните обвинители, а член по функција е и државниот јавен обвинител, кој исто така е избран од Собранието. Според тоа, одлуката не е само во рацете на јавните обвинители. Ако сакаме поголема независност, треба да се остави јавните обвинители да имаат поголемо влијание врз изборот”, вели Колевски.

Но, за да се измени сегашната ситуацијата, според него, потребна е широка дискусија и длабока анализа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk