НЕГОТИНО

Партерно уредување на центарот во Долни Дисан

Со поставувањето камен-темелник, директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски и градоначалникот на општина Неготино, Ванчо Апостолов, го означија започнувањето на градежните работи за партерно уредување на централното подрачје во Долни Дисан. Станува збор за спроведување на проектот за партерно уредување на центарот на градот преку Програмата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и мерката за обнова и развој на селата во делот на инвестиции за изградба и реконструкција на плоштади, зелени површини или шеталишта во рурални средини. Вкупниот буџет изнесува 7.700.000 денари, од кои 6.500.000 се обезбедени од Агенцијата, а останатиот износ од 1.200.000 денари е обезбеден од буџетот на општината. Предвидено е поставување на бекатон коцки, хортикултурно уредување на просторот, поставување урбана опрема и клупи за седење, скали, жардиниери и се останато што ќе придонесе за доловување на еден урбанизиран ефект. Градоначалникот Апостолов потенцираше дека реализацијата на овој проект претставува континуитет на претходно спроведените проекти со кои беа уредени и асфалтирани централните подрачја во Тимјаник, Војшанци и во Курија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари