logo
logo
logo

Парламентот во Софија со дополна го прифати францускиот предлог – Бугари во Устав, но не и признавање македонски јазик

Vecer | 24.06.2022

Парламентот во Софија со дополна го прифати францускиот предлог – Бугари во Устав, но не и признавање македонски јазик

Бугарското Национално собрание по неколку часовна расправа го изгласа предлогот за прифаќање на францускиот предлог со дополнетите услови, со 170 гласа за, 37 против и 21 воздржан.

Синоќа францускиот претседател Емануел Макрон рече дека во наредните часови бугарскиот парламент ќе го изгласа францускиот предлог…

И покрај жестоката дискусија констатирано е:

Софија може да го поддржи процесот на европска интеграција на PCM,а тие се:

  • пречистување на текстот на нацрт-заклучоците на Советот за да се обезбеди вклучување на Бугарите во Уставот на РСМ во одредбите во кои се споменуваат другите народи и на еднаква основа со овие народи;

-подобрување на предложената нацрт-преговарачка рамка и нацрт-заклучоците на Советот со цел појасно да се одрази фактот дека ништо во процесот на пристапување на РСМ во ЕУ не може да се толкува како признавање одРепублика Бугарија за постоењето на „македонскиот јазик“.

– гарантира дека добрососедството останува хоризонтален критериум во текот на процесот на пристапување на PCM во ЕУ, за чие спроведување ЕК треба да го информира Советот пред секоја Меѓувладина конференција;

-упатување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година и записниците од состаноците на Мешовитата меѓувладина комисија од чл. 12 од овој Договор во преговарачката рамка во врска со одобрувањето од страна на Советот на ЕУ на заедничките позиции за меѓувладините конференции на ЕУ-РСМ

„Прашањето за Република Северна Македонија е приоритет на владата, а одлуките треба да бидат донесени од владата и од премиерот.

 БГНЕС

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk