Пападимулис: Античка Македонија е грчко наследство, сега е ред Грција да каже ‘да’

Потпретседателот на Европскиот Парламент и шеф на еврогрупата на СИРИЗА, Димитрис Пападимулис, сметаат дека сега е редот на Грција да каже ‘да’.

Пападимулис ова го изјави откако синоќа во македонското Собрание беа изгласани уставните измени неопходни за имплементација на Преспанскиот договор со Грција за промена на името во Република Северна Македонија.

„Северна Македонија наместо Македонија, отстранување на иредентизмот од Уставот, појаснување дека Преспанскиот договор зборува за државјанство пред етничката припадност, античка Македонија осигурана како грчко наследство. Сега е време Грција, без било какво одлагање да каже ‘ДА’“, напиша Пападимулис на социјалната мрежа „Твитер“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари