logo
logo
logo

Д-р Пановски: ЌЕ ТРЕБААТ 3 ГОДИНИ ДА СЕ ВАКЦИНИРА 1 МИЛИОН со предвидената динамика

Vecer | 17.02.2021

Д-р Пановски: ЌЕ ТРЕБААТ 3 ГОДИНИ ДА СЕ ВАКЦИНИРА 1 МИЛИОН со предвидената динамика

Професорот Никола Пановски вели дека здравствените власти нема да ги потрошат сите 4.680 дози од првата пратка од донацијата на Србија и дека практично со фајзеровата вакцина на почетокот ќе бидат вакцинирани 2.340 здравствени работници.

-Ако навреме не се прими втората доза, ефикасноста на вакцината, односно процентот на заштитата од корона вирусот ќе биде помал. Временскиот интервал до кога треба да се прими втората доза е 21 ден, но кај некои вакцини овој процентот на заштита останува висок и до три месеци, вели тој.

Според Пановски и покрај сите реакции на социјалните мрежи дека сме последна земја во која нема вакцини, дека станува збор за целосно потфрлање на здравствените власти во однос на набавката, во однос на правењето договори, сега, во изминативе неколку дена откако профункционира страницата за регистрација, интересот за вакцинирање го покажуваат мал број граѓани.

-Ќе излезе дека имаме повеќе вакцини отколку што е потребно. 60.000 граѓани е навистина премалку. Ќе видиме дали повеќе ќе се пријават кога ќе стигнат вакцините од кинескиот производител Синофарм. Но, ако остане заинтересираноста за имунизација против корона вирусот волку мала, ние како земја целиот процес на вакцинирање со првата доза ќе го завршиме од 15. Март до 15. Април, рече Пановски.

Ако остане ваков интересот тој додава дека ќе вакцинираме од 70.000 до 100.000 луѓе и толку.

- Иако сметам дека засега утврдената динамика на вакцинирање по околу 2.500 луѓе дневно е премалку. Би требало цели три години за да се вакцинира популација од 1 милион. Но, лично сметам дека нема да се зголеми бројката на заинтересирани за вакцината во Македонија. Ретко кој од младите ќе сака да се вакцинира, 100.000 луѓе прележаа. Според мене најмногу би се вакцинирале до 500.000 граѓани, истакнува професорот.

Фактор

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk