logo
logo
logo

ПАНОВСКИ И ДАНИЛОВСКИ ЗА ВАКЦИНИТЕ: Наместо цели тимови да бркаат вакцини по Кина и Русија, ние седиме по канцеларии, а луѓе умираат!

Vecer | 01.03.2021

ПАНОВСКИ И ДАНИЛОВСКИ ЗА ВАКЦИНИТЕ: Наместо цели тимови да бркаат вакцини по Кина и Русија, ние седиме по канцеларии, а луѓе умираат!

„Не крајот е едно сигурно – ние сме излажани повеќе од другите земји. Не можам да разберам како нема амбасадори во Русија и Кина. Треба цели тимови да бидат таму, да работат на снабдување на вакцините. А во меѓувреме, луѓе умираат“, истакна микробиологот Никола Пановски во гостувањето на Канал 5.

-Сите средства треба да се употребат при набавка на вакцини, сите методи, па дури да се употребат и луѓе кои што играат и голф со газдите на фармацевските компании или оние кои пијат кафе со нив еднаш неделно. Мора да се излобира на сите страни за да дојдеме до вакцини, рече епидемиологот Драган Даниловски во истото гостување.

Пановски истакна дека вакцини не се наоѓаат од канцеларија, туку преку долгогодишни врски создадени во професијата, приватно и забележа дека Македонија нема амбасадори во периодот на пандемијата во клучни земји.

– Имам во телефон од декември 500.000 дози од „Синовакс“ вакцина, предлог договор до македонската влада на која таа не одговара. Мене тоа на приватниот меил ми го имаат испратено – рече Пановски.

Помала доза од британскиот сој на вирусот, посочи тој, е потребна за да предизвика болест.

– Тоа што порано го викавме два метри растојание не е доволно во затворен простор. Сега со маски веќе не е сто отсто безбедно, а се смета дека со овој сој не е безбедно на два метри двајца да зборуваат без маски ако едниот е инфициран. Да не зборувам за кашлање и кивање, доволно е зборување, за да достигнат тие аеросоли, што не беше претходно можно, Клиничарите кажуваат дека кај британскиот сој на вирусот поретко се губи чуството за мирис и вкус, поизразена е кашлицата. Многу повеќе се лепи за носот, побрзо продира низ клетките – рече д-р Пановски.

Според него, законот треба да се смени, треба да не се носат маски таму каде не може да се пренесе вирусот и да му се олесни на народот.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk