logo
logo
logo

Панова: Малку им беше срамот со изборот на првиот обвинител, сега инсталираа и партиски член да го води Судскиот совет

Vecer | 06.12.2022

Панова: Малку им беше срамот со изборот на првиот обвинител, сега инсталираа и партиски член да го води Судскиот совет

Лажни се зборовите на СДСМ и ДУИ за борба со корупцијата се додека избираат судии, обвинители и први луѓе на институциите по партиски клуч, изјави денеска пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова.

Таа рече дека Ковачевски продолжи со праксата на трас-трас судството кое исклучиво служи за гонење на неистомисленици.

- Македонија нема напредок, напротив назадува со корупцијата и со криминалот и тоа го констатираат сите, и дома и меѓународните пријатели. Малку им беше меѓународниот срам со изборот на првиот обвинител, сега инсталираа и партиски член, член на партиска комисија на СДС да го води Судскиот Совет. Партизацијата не застанува, рече таа.

Додаде дека  Весна Дамева како член на СДС и член на партиската комисија на СДС, од стручна соработничка без искуство во судење, ја направија член на Судски Совет, а сега и негов претседател.

- Срамно и девастирачки се продолжува со партизацијата на судско-обвинителскиот систем, а имаат и причина за тоа. СДС кое е заглавено во криминал и корупција, којашто секојдневно ја тресат коруптивни скандали тешки милиони евра, сега мислат дека тоа е единственото коешто ќе ги спаси! Македонија тоне во кризи, сиромаштија и мизерија, причина за тоа е криминалот и корупцијата на власта предводена од СДС и ДУИ, а Ковачевски мисли само на едно, како неказнето да се спаси од правдата, изјави Панова.

Таа го повика министерот за правда Тупанчевски како професор да се изјасни дали се согласува со тоа поранешен стручен соработник и член на СДС да оценува, именува и разрешува судии.

- Исто така ја повикувам и Државната комисија за спречување на корупција да испита дали Весна Дамева како член на партиска комисија и член на СДСМ смее да биде претседател на оваа институција. Бараме веднаш избори, затоа што само нова власт може да ја спаси Македонија од мизерија и меѓународни понижувања, рече истакна Панова.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk