logo
logo
logo

Пандов, Неделковски, Панчевски и Митовски приведени поради забава во кафеана по 21 часот

Vecer | 27.02.2021

Пандов, Неделковски, Панчевски и Митовски приведени поради забава во кафеана по 21 часот

Дури 18 лица присутни на журката се приведени во полициската станица Гази Баба поради прекршување на протоколите. Односно од МВР дека постапувале по пријава поради престојот на гостите во локалот по дозволеното време до 21 часот, известува Канал 5.

– Полициски службеници заедно со инспектори од Државен пазарен инспекторат извршија контрола кој што е во сопственост на С.П и А.П, при што во објектот биле затекнати 18 лица. Овие 18 лица се приведени во полициската станица гази баба за понатамошна постапка поради непочитување на мерките за заштита од ковид-19. По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, вели Сузана Прањиќ од МВР.

На прославата бил и претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов кој ја потврди случката за Канал 5. Според него целата ситуација се одвивала околу 21:30 часот. Тој вели дека никој во кафеаната не ги предупредил дека останале повеќе отколку што е дозволено, а доброто расположение довело до тоа да изгубат чувство за тоа колку е часот, додавајќи дека ќе сноси одговорност доколку дошло до прекршување на законот.

-Можеби нешто пред 9:30 часот влегуваат внатре, мислам дека имаше 50-100 полицајци, надовор 5 марици и ја помислив во прв момент дека некое убиство се случило или не знам какво кривично дело. Потоа кажаа дека до 9 часот работеле објектите и сме направиле престап. Од тие причини бевме поканети во полициска станица гази баба каде што крајно учтиви беа полицајците, дадовме изјави и тоа е тоа, вели Александар Пандов.

Според информациите во друштво на Неделковски и Пандов биле уште неколку лица познати на јавноста. На прославата се приведени поранешниот претседател на кривичниот суд Владимир Панчевски и Александар Митовски новинар. Во кафеаната биле уште десетина лица, а некои по пристигнувањето на полицијата успеале да избегаат. Акцијата е спроведена по иницијатива на државниот пазарен инспекторат, информираше директорот Стојко Пауновски. Тој вели дека досега имале неколку дојави дека во кафеаната се одржуваат забави по 21 часот, но кога инспекторите се појавувале тие веќе биле завршени.


© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk