Палмер: Не е на Русија да одлучува што Македонија може или не може да направи

Американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Метју Палмер денеска во Сараево изјави дека Македонија би можела да се приклучи на НАТО до средината на 2020 година доколку го спроведе Преспанскиот договор и со тоа го реши повеќедеценискиот спор со Грција.

Според него, Македонија би можела да стане 30-та членка на НАТО „најрано за 18 месеци".

- Тоа е потполно реална цел, рече тој.

Но, Палмер, изрази загриженост за руското, како што кажа, „силно влијание" во регионот на Западен Балкан вклучувајќи ги и напорите за поткопување на напорите на Владата и институциите на Македонија за интеграција во ЕУ и НАТО.

- Не е на Русија да одлучува што Македонија може или не може да направи во однос на начинот на нејзината интеграција во европските и евроатлантските институции. Напорите да се поткопа изразената волја на граѓаните на Македонија се дестабилизирачки и му штетат на мирот и безбедноста во регионот, додаде Палмер.

Како позитивен пример, тој го истакна договорот постигнат меѓу Македонија и Грција за решавање на нивниот спор околу името, а Палмер смета дека нема причина Македонија да не стане полноправна членка на НАТО алијансата по 18 месеци по договорот.

Овој договор ќе ја отвори вратата за патот на Македонија кон Европската унија, а Палмер изрази надеж дека преговорите ќе бидат отворени што е можно поскоро, веројатно веќе во јуни 2019 година, додавајќи дека очекува да започне разговори за пристап со Албанија во тоа време.

Поврзани

Најнови вести

Коментари