logo
logo
logo

Пак УНИШТЕНА СПОМЕН ПЛОЧАТА за убиените бранители кај Вејце

Vecer | 14.05.2021

Пак УНИШТЕНА СПОМЕН ПЛОЧАТА за убиените бранители кај Вејце

Спомен плочата која е поставена во чест на осумтемина убиени бранители кај Вејце е повторно уништена.

Не поминаа ни две недели пред таа да биде повторно отстранета, објави СДК.

Од Здружението на бранителите по којзнае кој пат реагираат на ваквите настани, кои редовно се случуваат кога се поставува спомен-обележје за загинатите бранители од 2001.

На местото на убиството на 28 април 2001 за време на воениот конфликт, сега се наоѓаат само расфрлани цвеќиња кои беа положени при неодамнешното чествување на овој настан. Таблата со имињата на бранителите е искршена  и фрлена, а на мермерната спомен-плоча ѝ се губи секоја трага.

„После неколку денови од одбележувањето на овој грозоромен настан, констатиравме дека спомен-плочата ја нема, можеби е фрлена негде или негде е однесена. На местото каде беше плочата има расфрлано цвеќиња кои тогаш беа положени. Ова е болно. Повредени се чувствата на бранителите, на нивните родители и роднини, на македонскиот народ. Јас мислам дека институциите не си ја завршиле добро својата работа. Ние, по кој знае кој пат, поставуваме спомен-плоча и повторно ја снемува. Зборуваме за ‘Едно општество за сите’, но такво нешто не се случува на нашиве простори. Причините за ова треба да ги кажат политичките структури“, изјави Марин Најдов, претседател на Одборот на бранители.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk