logo
logo
logo

ПАЈАКОТ НЕ МИРУВА! За една недела подигнати 229 возила

Vecer | 10.06.2021

ПАЈАКОТ НЕ МИРУВА! За една недела подигнати 229 возила

Со специјалните возила пајак од 3 јуни до 9 јуни се подигнати 229 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила 21 е отстрането од зонските паркиралишта, а другите 208 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице, соопшти Град Скопје.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 411 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 21 возило е отстрането со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Град Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk