logo
logo
logo

Пахор: „Деблокирање на преговорите со Македонија? Тоа е морално прашање“

Vecer | 18.06.2021

Пахор: „Деблокирање на преговорите со Македонија? Тоа е морално прашање“

Словенечкиот претседател Борут Пахор изјави дека една од првите задачи на словенечкото претседателство со Европската унија ќе биде деблокирање на почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија, сметајќи го за морално прашање.

Почетокот на преговорите во Северна Македонија е блокиран од Бугарија, која бара од земјата да признае дека Македонците и македонскиот јазик имаат бугарски корени.

„Мислам дека треба да најдеме начин Бугарија да ѝ даде зелено светло на Македонија“, изјави Пахор за словенечката новинска агенција СТА.

Ова сега е морално прашање за Европа, и не само политичко, додаде претседателот на Словенија, која ќе го преземе претседателството со Европската унија на 1 јули.

„Свесен сум дека нема да биде лесно, освен тоа, се чини дека има уште повеќе можности Албанија да добие зелено светло“, рече Пахор.

Членките на Европската унија дадоа зелено светло за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија уште во март минатата година. Сепак, треба да се обезбеди консензус на сите 27 членки за рамката за преговори, која го дефинира методот на преговори за секој кандидат.

Пахор вели дека напредокот во проширувањето на Европската унија кон Западен Балкан е важен за стабилноста на регионот и дека ситуацијата е сериозна покажува неодамнешниот указ на американскиот претседател Џо Бајден за замрзнувања на имот и забрани за влез во Соединетите држави кои придонесуваат до уште поголема дестабилизација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk