logo
logo
logo

Трезнење

Паѓа поддршка за влез во ЕУ, со минатата влада 80, кај оваа 68%

Vecer | 17.04.2021

Паѓа поддршка за влез во ЕУ, со минатата влада 80, кај оваа 68%

Поддршката на граѓаните за влез во Европската Унија, како и довербата според последните истражувања се намалува.

Ако во 2014 година, во време на минатата влада на ВМРО ДПМНЕ дури 80% од граѓаните се изјасниле дека ако се одржи референдум за влез во ЕУ ќе го поддржат, во последната анкета на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија „Социетас Цивилис” оваа бројка иако и натаму е доста висока, сепак изнесува само 69%.

Интересно е што во последното истражување рекордни 22% од граѓаните се изјасниле дека на таков референдум ќе гласаат против.

Најоптимистична година била 2017, кога 27% од граѓаните сметале дека ќе влеземе во ЕУ за три години.

Најпесимистична е кризната 2016 година кога мнозинството, односно 25% од граѓаните истакнале дека никогаш нема да влеземе во ЕУ. Сепак, во последната година мнозинството, или 28% од граѓаните сметаат дека најреално остварливо е за пет години да бидеме членка на ЕУ, слично како во 2018 год. Во 2019 година доминирало мислењето дека за дури 10 години би биле дел од европското семејство.

Една од најголемите причини поради која граѓаните се против членство во ЕУ или кои ризици ги детектираат е загриженоста за губење на националниот идентитет кај 23% од испитаниците, за 20% од нив проблем е промената на уставното име, а за 19% губење на суверенитетот и независноста на државата.

Многу помала негативна перпција има за економските последици и ризици, односно по 9% сметаат дека ќе се влоши животниот стандард и исто 9% сметаат дека ќе биде загрозена македонската економија. Всушност и актуелните економски состојби не се голема детерминанта во расположението на граѓаните кон ЕУ, туку повеќе очекувањата од идните придобивки од интегративните процеси.

Речиси половина од македонската популација верува дека државата е подготвена за членство, што е рефлексија на недоволната информираност околу пристапниот процес.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk