logo
logo
logo

ПАЃА БРОЈОТ НА НОВИ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ: Во Скопје за 24 часа 12 пациенти

Vecer | 14.05.2021

ПАЃА БРОЈОТ НА НОВИ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ: Во Скопје за 24 часа 12 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 12 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 242 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 3 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 примени пациенти и 3 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 34 оздравени пациенти. Во  ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 68 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 89 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 80 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај децата-Козле има 4 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид 19 вирусот.

Вкупно 242 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува  и утрово до 8 часот имало 300 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk