logo
logo
logo

Пад на населението па овие ОПШТИНИ ЌЕ ИМААТ ПОМАЛКУ СОВЕТНИЦИ ЗАРАДИ ПОПИСОТ

Vecer | 10.02.2025

Пад на населението па овие ОПШТИНИ ЌЕ ИМААТ ПОМАЛКУ СОВЕТНИЦИ ЗАРАДИ ПОПИСОТ

Неколку општни во Македонија ќе имаат намален број на советнички места поради падот на бројките во резидентното население според пописот од 2021 година. Најголем пад во советничките мандати за следните локални избори ќе претрпи општина Гостивар, каде во следните години ќе има дури осум советници помалку. Според резултатите од пописот од 2002 година оваа општина имала 81.000 жители, што според Законот треба да има 31 советничко место, но по резултатите од 2021 година, Гостивар има резидентно население од 59.770 жители, што значи дека бројот на членови ќе изнесува 23.

Според Законот за локалната самоуправа, бројот на советнички места се одредува според бројот на жители и тој не смее да биде помал од девет (во општините до 5.000 жители) и не смее да биде поголем од 33 советници. Исклучок од ова е Град Скопје како посебна единица на локалната самоуправа која е регулирана со посебан закон.

Во 10 општини ќе се намали и бројот на советнички места, а од оние поголемите – помалку советнички места ќе има и во Куманово (минус две) и Крива Паланка (минус четири). Четири советници помалку ќе имаат Советите во општините Јегуновце, Теарце, Ново Село, Желино, а два помалку советници ќе имаат Советите во Дебрца, Пехчево и Центар Жупа.

Бројот на советници ќепорасне само во скопската општина Карпош каде од сегашните 23 бројот на советници ќе се зголеми на 27, како и во во општината Студеничани, каде ќе има зголемување од 15 на 19.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk