logo
logo
logo

Пациентите со трансплантирано срце се ДОБРО!

Vecer | 14.06.2021

Пациентите со трансплантирано срце се ДОБРО!

Пациентите на кои им беше трансплантирано срце од починат донор се во добра и стабилна состојба.

-Претпладнево на Универзитетската Клиника за Кардиохирургија ги посетив пациентите на кои на 19-ти мај и на 10- ти јуни им беше трансплантирано срце од починат донор. Двајцата пациенти се во добра и стабилна состојба, информираше министерот Венко Филипче.

Првата трансплантирана пациентка пополека целосно се опоравува, а вториот пацент е се уште на Oдделот за интензивна нега и терпија, но е во добра состојба.

- Со трансплантациите на срце почнавме едно ново поглавје во медицината во земјава кое отвори надеж за хронично болните пациенти кои немаа друг избор за лекување. Семејствата пак на Емилија, Верица, Марија, Јасмина, Борче со нивниот хуман гест ја разбудија свеста за органодонорството и ни покажаа што значи да се дарува орган за да се спаси нечиј живот, додава Филипче.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk