logo
logo
logo

Овие наши фирми земаа 150 милиони евра во време на корона криза

Vecer | 10.06.2021

Овие наши фирми земаа 150 милиони евра во време на корона криза

Нема зима ниту корона криза кога е во прашање нашата национална потреба за нови телевизори, гаџети, бела техника и уреди за домаќинството. Нашите најголеми и најдобро снабдени ланци на маркети минатата година, која ја одбележа корона пандемијата, имаа солидни резултати и одлични растови на добивките, односно имаат приход од речиси 150 милиони евра, пишува Фактор.

Нептун ДОО останува неприкосновен снабдувач на нашата нација со нови уреди за домаќинство и популарна бела техника. Минатата година фирмата остварила приход од 60 милиони евра што ја прави најголем продавач на мало на уреди за домаќинство во Македонија. Приходот од продажба е на исто ниво како и во 2019 година.

„Сетек - Се од техника“ е компанија која се зацврсти на втората позиција на нашиот пазар според приходите од продажба, но и според профитот. Добивката лани изнесува 2,7 милиони евра и е 2,5 пати повисока од профитот остварен во претходната година.

Според остварените приходи од продажба на трето место е скопската компанија „Техномаркет“ со реализација од 18 милиони евра. Ова друштво лани од продажба оствари профит од 720.000 евраи тоа е два пати повеќе од добивката во 2019 година.

Другата фирма на Хочевар – „Анхоч“ специјализирана на технолошки уреди лани ја зголеми својата продажба за 38 отсто до 16,2 милиони евра. Добивката е зголемена за 3,3 пати иизнесува 1,3 милиони евра.

Најмал меѓу најголемите е кумановскио ланец Алфи Би. Приходот на оваа компанија лани бил 9,7 милиони евра и тоа е за 38 отсто повеќе од претходната година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk