logo
logo
logo

Оваа година ЕКОНОМИЈАТА НЕМА ДА СЕ ВРАТИ како пред пандемијата, вели Бежовска

Vecer | 11.05.2021

Оваа година ЕКОНОМИЈАТА НЕМА ДА СЕ ВРАТИ како пред пандемијата, вели Бежовска

Македонската економија до крајот на 2021 година нема да се врати како пред пандемијата, и за да дојде до тоа ќе треба многу да се работи. Ова го потврди и гувернерката на Народна Банка Анита Ангеловска Бежоска која вели дека тоа нема да се случи иако растот од 3,9%  е солиден.

„Веќе идната година растот на Бруто домашниот производ би можел да надмине четири отсто. Домашната побарувачка и личната потрошувачка според анализата на централната банка ќе бидат главни двигатели на економскиот раст“ вели таа за Алсат.

Според ена во рамки на домашната побарувачка најголем позитивен придонес се предвидува од инвестициите кои по високиот пад од 10 отсто минатата година се очекува да растат во просек оваа и наредната година за околу 9,4 насто.

- Ова е ќе биде резултат на очекуваниот раст на странските директни инвестиции и интензивирање на домашните и приватните инвестиции при постабилен амбиент на натамошна солидна кредитна поддршка.

Од Народната банка очекуваат и стеснување на дефицитот и за годинава го проектираат на ниво од 2,9 отсто, за до 2023 година да се намали на 2,1 отсто. Со експанзивната фискална политика лани дефицитот драстично се зголеми над осум отсто,  а со тоа неминовен беше и растот на јавниот долг, вели Гувернерката. Јавниот долг порасна за 10 процентни поени и достигна 62,5 отсто од Бруто домашниот производ.

Како ќе движи јавниот долг на среден рок Бежоска вели дека тоа зависи од фискалната консолидација на земјава. Лани македонската економија забележа пад од 4,5 отсто. На глобално ниво, годинава, според проекциите на ММФ, економијата ќе расте за шест отсто. Имунизацијата и побрзото опоравување од очекуваното на најсилните светски економии ги зголемија надежите на монетарците дека оваа криза сепак ќе биде со помали ефекти од онаа во 2008 – та година.

Алсат М

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk