logo
logo
logo

Ова се лауреатите на “Гоце Делчев” - Царовска намерно не организираше свечено доделување

Vecer | 05.05.2021

Ова се лауреатите на “Гоце Делчев” - Царовска намерно не организираше свечено доделување

Една од добитничките на годинешнава највисока награда за наука ” Гоце Делчев” која ја доделува Министерството за образование и наука е академик Катица Ќулавкова.

Одборот за доделување на наградата одлучило наградата за научно дело за 2020 година да ја додели и на професорката и академик Катица Ќулавкова но денеска министерството за образование и наука предводено од Мила Царовска не организираше свеченост за доделување на наградата.

Покрај Ќулавкова за “Сите лица на речта – Беседи”, добитници на “Гоце Делчев” се и авторите на книгата “Интерна медицина” со одговорен уредник проф. д-р Соња Генадиева Ставриќ.

Во отсуство на официјално соопштение на МОН може само да се претпостават причините поради кои наградата не е доделена на академик Ќулавкова.

Професорката Ќулавкова е еден од највредните автори, публицисти, пишувачи, проучувани на македонскиот јазик и автор на огромен број научни и други дела поврзани со македонските јазик, наука и култура.

Ќулавкова е една од најактивните македонски актери кои отворено застанаа против Преспанскиот и договорот со Бугарија, против промена на името и уставот како и против Законот за јазиците.

Академик Ќулавкова во неколку наврати беше жестоко напаѓана од провладините активисти а во еден инцидент против неа од страна на провладиниот Хелсиншки комитет беше поднесена и кривична пријава за наводен говор на омраза.

Одлуката Ќулавкова да ја добие наградата Гоце Делчев била донесена пред две недели, но до денеска министерката Царовска не успеала да организира свечено доделување иако датумот на доделувањето е прецизно назначен во одлуката за конкурсот.

Министерката Царовска уште го нема решено скандалот со печатените учебници веќе се соочува со нов кој во себе содржи и наука, и образование и историја и идентитет.

Во продолжение целиот конкурс од кој се гледа дека Царовска како член на владата крши документи кои се однесуваат на највисока државна награда со името на Гоце Делчев:

Врз основа на Законoт за државните награди („Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/2006, 54/07 и 74/12), Правилникот за работа на Одборот за доделување на наградата „Гоце Делчев“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 40/09, 25/11, 9/15 и 1/16) и Записникот од првата седница на Одборот одржана на 09.12.2020 година, Одборот за доделување на наградата „Гоце Делчев“ распишува

К О Н К У Р С

ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВО 2021 ГОДИНА

Со наградата „Гоце Делчев“ се оддава општествено признание за особено значајни остварувања од интерес за РС Македонија во областа на науката.

Наградата во 2021 година се доделува за научна книга или дело објавено во 2020 година.

Наградата „Гоце Делчев“ се доделува на 4 Мај – денот на смртта на Гоце Делчев.

Наградата, под услови определени со Законoт за државните награди („Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/2006, 54/07 и 74/12) и со овој конкурс се доделува на поединци или на група автори од земјата или од странство.

Право на конкурирање имаат дела од еден автор или група автори што се одделно објавени, рецензирани и каталогизирани. За датумот на објавувањето се смета датумот што е објавен во каталогизацијата на публикацијата (ЦИП). Право на конкурирање немаат остварувања објавени во стручни и научни списанија со импакт фактор, како и поглавја или делови од книги.

Поединец или група автори може да биде добитник на награда во истата област само еднаш

Член од група автори може како поединец да биде добитник на наградата за друга книга или дело во истата област.

Предлози за доделување на наградата можат да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.

Предлогот за доделување на наградата треба да биде образложен и да содржи: лични податоци за авторот, односно авторите, адреса на живеење, контакт информации, библиографски податоци и кратко образложение за значењето на остварувањето кое се предлага за наградата. Предлозите за научна книга или дело објавени на други јазици треба да содржат кратко резиме на македонски јазик до 3 страни и содржина на македонски јазик до 5 страни.

Предлогот за доделување на наградата треба да биде приложен во 3 примероци. Кон предлогот треба да бидат приложени најмалку 3 оригинални примероци од научната книга односно дело, и примерок во електронска форма доставен по е-пошта.

Предлозите за доделување на наградата треба бидат поднесени од 25.12.2020 до 15.02.2021 година на адреса:

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

Одбор за доделување на наградата „Гоце Делчев“

ул. „Св. Kирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје

Некомплетните предлози и предлозите кои не се доставени во определениот рок нема да бидат разгледувани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk