logo
logo
logo

Ова се КАЗНИТЕ ЗА НАРКО ПАСОШИТЕ, за оние кои не признаа

Vecer | 11.06.2021

Ова се КАЗНИТЕ ЗА НАРКО ПАСОШИТЕ, за оние кои не признаа

Кривичниот суд во Скопје денеска ги изрече пресудите за тројца обвинети во случајот „Двојник“, кои се изјаснија дека не признаваат вина.

Фарук Буки е осуден на затворска казна во траење од 3 години, а Весна Колевска и Бранислава Владичевска добија условна казна во траење од една година.

Досега од обвинетите кои признаа вина, шестмина добија затворски казни од 1 година и 7 месеци до 2 години и 7 месеци, а еден условна.

Во овој случај беа обвинети вкупно 11 лица, од кои 10 вработени во МВР и еден посредник. Седум од нив признаа вина.

Според ОЈО Скопје, пасошите се издавале во периодот од јуни 2017 до крајот на 2020 година. Биле издадени пасоши на 214 странски државјани и на еден македонски државјанин.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk