Ова се деталите од сообраќајката со смртни последици

Вчера во 16:55 часот на патот Штип-Кочани се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Голф" со кочански регистарски ознаки управувано од 19-годишниот Ж.Г. од Кочани, во кое имало тројца сопатници, мотоцикл „Сузуки" со светиниколски регистарски ознаки управуван од 39-годишниот В.Ц. од Свети Николе и мотоцикл „Хонда" со бугарски национални ознаки управуван од 33-годишниот В.Ј. и сопатник К.Г.(22), двајцата од Свети Николе.

Од здобиените повреди на место на настанот починал В.Ц., додека В.Ј. и сопатникот К.Г. се здобиле со телесни повреди и се пренесени во Медицински центар Штип за укажување на лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари