logo
logo
logo

“Ова не е прв пат СДСМ и ДУИ да прават насилство за да го сокријат криминалот“

Vecer | 27.06.2022

“Ова не е прв пат СДСМ и ДУИ да прават насилство за да го сокријат криминалот“

Денес се потврди на дело дека слабата точка на криминализираната власт беше и се уште е судската власт!, напиша на фејсбук Елми Азири од Алијанса за Албанците.

Криминалот, корупцијата, уличарството и нивните сценарија се манифестираа со вандалски и насилнички акти каде со или без намера беше погоден и пратеникот на Алијанса за Албанците, Елми Азири.

„Цело ова срамно сценарио започна со обидот за продолжување на мандатот на партиските судии и обвинителите од власта, преку шверцување на законот. Откако се спротивставивме, претседавачот Арбр Адеми лично го навреди Пратеникот Халил Снопче кој јавно го повика да се извини, но, такво нешто не се случи. Пратеникот Снопче потоа повторно побара процедурална интервенција што беше одбиено и се обиде да го изгласа дневниот ред. Во знак на револт, ние пратениците на Алијанса за Албанците дојдовме на говорницата да го одбраниме нашето право на дискусија и да го спречиме шверцувањето на законот. Потоа следеше срамот кој го виде целата јавност, насилство и вандализам на координаторот на ДУИ“, појаснува на социјалните мрежи Азири.

Ова не е прв пат, како што проценува, да прават вакви насилни сценарија за да го сокријат криминалот, корупцијата и заробеноста на државата.

„Имаше многу случаи во Собранието и на политичката сцена кога пратениците на ДУИ можеа да се покажат, но сите ги видовме како бегаат од комисиите каде треба да се заштитат граѓаните или како се прегрнуваат со криминалци“, вели Азири.

 

https://vecer.mk/makedonija/diveenjeto-na-arbr-ademi-vo-sobranie-video/

 

https://vecer.mk/makedonija/drzhaven-sekretar-za-kultura-od-dui-za-miloshoski-kje-im-gi-skrshime-racete-i-nozete-na-ponizhuvachite-na-albancite/

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk