logo
logo
logo

ИЛИЈА: Ова не е политика, ова е наш изблик пред обидот како од 19 век

Vecer | 04.07.2022

ИЛИЈА: Ова не е политика, ова е наш изблик пред обидот како од 19 век

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во 14 реченици објаснува:

Не смееме да дозволиме идентитетски, културен, јазичен и цивилизациски етноцид врз Македонците во Република Македонија.

Никој да не се занесува дека Европа, а посебно Балканот живее во 21-ви век, назад сме, во 19-ти.

Пред само 100 години македонскиот културен и јазичен идентитет во егејска Македонија беше доминантен.

Денес е сведен на минимум, потиснат и игнориран.

Пред само 70 години македонскиот културен и јазичен идентитет во пиринска Македонија беше доминантен.

Денес е сведен на минимум, потиснат и игнориран, вештачки апсорбиран во рамките на бугарскиот идентитет.

Затоа, немаме избор во отпорот кон сите обиди за наша културна демакедонизација...

Затоа, немаме избор во отпорот кон сите обиди да не направат народ без име, идентитет и културно-историски континуитет рамен барем на сите наши соседи.

Секогаш сме биле мирен, мирољубив и трпелив народ.

Во нашата историја нема ниту една агресија кон никој наш сосед.

Ќе го побараме тоа од сите околу нас.

Малку ни остана, мора да го одбраниме.

Ова повеќе не е политика, ова е наш изблик пред обидот како од 19-от век за остварување на плановите на големите државни планови и пропаганди.

Можеше Пулевски, Мисирков, Рацин, Неделковски... можеме и ние, пишува Илија Димовски на ФБ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk